Seminarski i Diplomski Rad

Zigmund Frojd, psihoanaliza, teorija na ličnost  (makedonski)
Vrsta: Seminarski | Broj strana: 16 | Nivo: Pedagoski fakultet, Bitola

1. Живот и дело на Зигмунд Фројд
Се на се, многу малку се знае за раниот живот на Фројд, бидејќи тој ги има уништено своите лични документи и пишувања барем двапати, еднаш во 1885 г. и уште еднаш во 1907 г. Исто така, неговите документи и пишувања по овие случки се строго чувани од Архивите на Сигмунд Фројд и се достапни само на неговиот официјален биограф Ернест Џонс и на уште неколку други членови од внатрешниот круг на психоанализата.
...............................NAMERNO UKLONJEN DEO TEKSTA.................................
Психоанализата е медицинска наука. Медицината воопшто, не е само мошне важна за животот на современиот човек, туку таа е битна за разбирање на човекот и за унапредување на неговиот живот. Таа не е само една од најпрактичните етички дејства на човекот, туку медицината иманентно содржи филозофска концепција. Основните учења на психоанализата се филозофски, и тоа не како истражувањата на оние современи мислители кои сакаат да прават наука, а природното останува на полето на филозофијата, туку како еден нов феномен – од амбицијата и напорот научно да се проникне во најсуштествените прашања за светот и воопшто за човекот.
развитокот на луѓето генерално се објаснува преку менување на сексуалните објекти,
психичкиот апарат генерално ги репресира желбите, кои се обично од сексуална или од агресивна природа, и кои се зачувуваат во еден или повеќе несвесни системи на идеи,
несвесните конфликти се изворот за неврозите и
2. Вовед. Поим за личност
Индивидуата е конкретниот човек - оној што од другите се разликува според своите биолошки, социјални и психички својства. Конкретниот човек - индивидуата - во текот на својот развој, постепено се усовршува и се формира во личност. Во тој развој човекот се повеќе сознава, ги усвојува општествените искуства и ја развива својата активност. Според сознанието, знаењата, способностите, искуствата и воопшто активноста, личноста на малото дете се разликува многу од личноста на возрасниот човек. Личноста значи е севкупноста на сите психички појави кај човекот, психички процеси, состојби и особини, кои кај секој поединец се организирани на специфичен начин. Личноста е резултат на заемното влијание на следните фактори: наследство, средина и активност на единката.
Секоја личност има свое специфично однесување кое се карактеризира со својата: доследност, единство и особеност. Доследност значи дека човекот со слични ситуации се однесува на сличен начин, останува доследен на себеси. Единство значи дека неговото функционирање е организирано и дека одделните психички особини и процеси интегрирано и усогласено делуваат. Кога на пример ќе му се случи нешто трагично на човекот, тој не само што ќе развие соодветни чувства на тага и болка туку и неговото мислење, неговиот темперамент, карактер, желби и мотиви ќе бидат усогласени со тој настан. Разединетост и неединство на личноста се јавува само во случаи на психопатолошки нарушувања (зборува за тажен настан, смеејќи се). Особеност значи дека секој човек е специфичен, поинаков од другите луѓе и неповторлив. Секој од нас поседува специфични особености, што се кобинираат на оригинален начин и творат особена личност. И самиот човек себе се докажува како специфичен. Тоа сознание за себе како единствена и не заменлива личност го претставува човековото самосознание. Тоа се формира врз основа на сопственото мислење за себе, но и врз основа на мислењето на другите луѓе за него. На тој начин се формира идентитетот на личноста.

---------- CEO RAD MOŽETE PREUZETI NA SAJTU. ---------- 

www.maturski.org 

 

MOŽETE NAS KONTAKTIRATI NA E-MAIL: [email protected]

 

 

maturski.org Besplatni seminarski Maturski Diplomski Maturalni SEMINARSKI RAD , seminarski radovi download, seminarski rad besplatno, www.maturski.org, Samo besplatni seminarski radovi, Seminarski rad bez placanja, naknada, sms-a, uslovljavanja.. proverite!